Никола Јокиќ постигна трипл-дабл од 17 поени, 15 асистенции и 12 скокови, но тоа не беше доволно за Денвер да избегне пораз во Чикаго со 109:97.
Подобар во директниот дуел со српскиот центар беше Црногорецот Никола Вучевиќ, кој натпреварот го заврши со 20 поени и 10 скокови со кои даде огромен придонес за триумфот на „биковите“.
Овој натпревар, Чикаго го одигра без својот најдобар стрелец Демар Дерозан, кој само неколку часа пред почетокот на средбата беше ставен во здравствен протокол за Ковид-19.
Најефикасен кај Чикаго беше Зек Лавињ со 32 поени, а дабл-дабл учинок имаше и Лонзо Бол со 20 поени и 10 скокови.
Кај Денвер, Вил Бартон и Монте Морис постигнаа по 19, додека Арон Гордон реализира 18 поени.
Резултати од останатите натпревари:
Шарлот – Филаделфија 124:127 (прод.)
Детроит – Оклахома 103:114
Индијана – Вашингтон 116:110
Мајами – Мемфис 90:105
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110:121
Феникс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – ЛА Клиперс 90:102
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.