СЏ Меккалум постигна кош на 10 секунди до крајот со што го комплетираше пресвртот на Портланд по негативата од 17 поени за конечна победа против Торонто со 112:111.
Меккалум го заврши мечот со 30 поени, а голема помош за тримфот доби од Дејмијан Лилард кој постигна 23, како и Кармело Ентони, кој постигна 10 од вкупно 20 поени, во последните 5.16 минути од средбата. Ентони додаде и пет скокови, три асистенции и по две украдени топки и блокади.
Кај Торонто, залуден беше трипл-даблот на Паскал Сијакам, кој имаше учинок од 22 поени, 13 скокови и 10 асистенции, но утна два шута за победа во последните неколку секунди.
Крис Буше од клупата постигна 20 поени, додека Кајл Лаури и ОЏ Ануноби мечот го завршија со по 18 поени.
Резултати од останатите натпревари:
Шарлот – Њујорк 109:88
Кливленд – Мемфис 91:101
Орландо – Милвоки 99:121
Вашингтон – Феникс 128:107
Атланта – Филаделфија 112:94
Сакраменто – Индијана 127:122
Далас – Њу Орлеанс одложена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.