МЗТ Скопје Аеродром денеска во АБА 2 Лигата по пресврт успеа да го совлада Хелиос со 94-88 и да се искачи на второто место на табелата во ова натпреварување.
Тренерот, Дарко Радуловиќ, по мечот изјави дека очекувал тежок дуел.
Мислам дека се разбудивме дури во второто полувреме од овој натпревар. Во првото полувреме игравме без енергија, не го препознавав тимот, немавме добра реакција, добро трчање, немавме скок. Сите шутеви ни беа некако изнудени и тоа не изгледаше добро за нас. На полувремето се договоривме да се мобилизираме, излеговме сосем друга екипа од прво полувреме. Погодивме важни шутови, трчавме добро, одбраната ја стегнавме малку и заслужено победивме – вели Расдуловиќ.
Тој истакнува одлучила вербата во себе што ја покажале играчите.
Знаевме дека ќе биде тешко, добро е што се вративме во второ полувреме, дојдовме на некој наш начин на игра, внесовме енергија и почнавме да трчаме и тоа го реши моментот – додава Радуловиќ.
По одиграни пет кола, македонскиот првак има четири победи и еден пораз и се наоѓа едно место зад лидерот, Борац.
Аеродромци следниот меч на турнирот во Сараево ќе го одиграат задутре и тоа против домашниот состав на Спарс од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.