Капитенот на македонската машка кошаркарска репрезентација во претквалификацискиот циклус за СП 2023, Бојан Трајковски, застана во одбрана на колегите кои летово работеа на пеколни температури за да овозможат настап во квалификациите.
„Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Треба да извлечеме една добра поука. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата. Сега следат квалификациите, многу работи зависат од противниците, а и не знаеме кој ќе игра тогап, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не… Сите кои ќе добиеме повик, треба да се сплотиме и се надевам на добар резултат. За настапите на овие претквалификации, од најмладиот до најстариот – моја оценка е сите имаат една „десетка“!“, – изјави Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.