Екипата на Торонто Репторс е новиот шампионот на НБА во сезоната 2018/19. Историскиот триумф во насилната кошаркарска лива тие го обезбедија ноќеска кога го совладаа Голден Стејт со 114:110 (4-2) и ја освоија својата прва титула во НБА.
Кајл Лари се истакна со „дабл-дабл“ за новите шампиони – 26 поени и 10 асистенции, Паскал Сиакам исто така запиша „дабл-дабл“ – 26 поени и 10 скока, Каваи Ленард и Фред Ванвлит додадоа по 22 поени, а Серж Ибака заврши со 15 поени.
Клеј Томпсон постигна 30 поени за „воините“, Андре Игудала и Стеф Кари додадоа соодветно 22 и 21 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „трипл-дабл“ – 11 поени, 19 скока и 13 асистенции, но и тоа не помогна на веќе поранешните шампиони да победат и да ја испратат серијата во решавачки седми натпревар.
Каваи Леонард беше избран како најкорисен (МВП) играч во финалето, а за него ова е втора шампионска титула откако го освои овој трофеј и во 2014 година како играч во Сан Антонио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.