Спортските ваучери што ги доделува владата нема да стигнат до второлигашките екипи. Кошаркарските клубови од Втората лига на Македонија и клубовите кои работат долги години со младински школи во државава се комплетно исклучени од можноста за добивање на ваучер, без да биде направена стручна анализа и без соодветно објаснување по кој критериум се истите дискриминирани.

Второлигашите не планираат да застанат со реакциите за нерамноправната и неправедната распределба на државните средства во спортските субјекти.

Соопштението на КК ТФТ ви го пренесуваме во целост:

При крајот на изминатата 2018 година бомбастично беше најавен проектот за спортски ваучери од страна на Владата на РСМ во соработка со Агенцијата за млади и спорт, проект кој беше предвиден како своевидна подршка во финасирањето на спортските субјекти преку нивно субвенционирање со средства издвоени од државниот буџет на РСМ.

Истиот проект требаше да започне да се реализира во почетокот на оваа 2019 година, за во моментов после 6 месеци одлагање, неколкукратна промена на критериумите за негово добивање, да дојдеме до крајно дискриминантна и селективна распределба на ваучерот која директно е во спротивност со законските одредби од Законот за спорт и неговите најнови измени.

Кошаркарските клубови од Втората лига на Македонија, исто како и клубовите кои работат долги години со младински школи во државава се комплетно исклучени од можноста за добивање на ваучер, без да биде направена стручна анализа за проблематикава и без соодветно објаснување по кој критериум се истите дискриминирани.

Доколку се направи една стручна анализа ќе се дојде до заклучок дека второлигашите и клубовите кои што работат со развојот на младинските школи се главните “фабрики” од кои што излегуваат и каде се развиваат младите играчи во оваа држава и мислиме дека акцентиарњето на “државна помош” треба да биде насочена токму кон тие субјекти на кои и реално им е најнеопходна.

Во текот на минатата натпреварувачка сезона бевме сведоци на бројни откажувања на клубовите во текот на натпреварувањето, нешто што се одвиваше пропорционално со одолговлекувањето на стапувањето на ваучерот во сила. Во моментов, кога се формираат буџетите за наредната сезона и плановите за функционирање на клубовите, оваа (не)намерна грешка не води во опасност наредната сезона воопшто и да не започне!

КК ТФТ е нов клуб на кошаркарската сцена во Македонија кој за цел има развивавање и унапредување на кошарката, младите играчи и популаризација на спортот и вредностите што ги носи со себе.

Нашето функционирање е независно од добиениот или недобиенот ваучер за спорт, меѓутоа апсолутно се залагаме за недискриминација во спортот и почитување на законските одредби кои потсетуваме дека важат за сите подеднакво.

Ние сме клуб кој за една година постоење веке даде двајца потенцијални репрезентативци во У20 националната селекција, клуб чии натпревари беа посетувани во просек од 500 гледачи по натпревар, клуб кој веќе од наредната сезона планира да направи голема дополнителна инвестиција во развојот на младите категории на играчи.

Заклучокот што можевме да го донесеме е дека не сме единствени ентузијасти во кошарката во државава, но и во спортот воопшто.

Заклучокот е дека државата треба да го негува спортот зашто многупати се покажа дека спортот е најголемиот амбасадор што ја претставува надвор од нејзините граници.

Заклучокот е дека помош е неопходна и дека многу малку е потребно за спортот да заживее, а тоа не се постигнува со дискримирачка и селективна помош.

На крај на денот, чувството од секој нов спортски успех е исполнувачко, заедничко и сите сме горди на тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.