Македонскиот претставник во БИБЛ лигата ТФТ Скопје со две победи се враќа од пресметките со бугарските екипи во регионалната кошаркарска лига, откако вечерва триумфираше над Берое со 96-86 (47-38), ден по победата над Академик Пловдив.
По резултатски изедначената прва четвртина, ТФТ го подигна нивото на игра и на полувремето обезбеди плус девет поени разлика. Македонскиот тим ја реши во своја корист и третта четвртина со 28-20 и во завршните десет минути влезе со недостижни плус 17 поени разлика.
За ТФТ Скопје ова беше трета победа во петтиот натпревар во групата Б, со што се искачи на второто место на табелата пред следниот дуел против црногорски Ибар на гостински терен на 1 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.