Дебитатнот во кошаркарската Прва лига, ТФТ потпиша едногодишен договор со Американецот Амир Смит (22), кој игра на позицијата крилен центар. Тој е син на НБА-легендата Џо Смит, некогашен играч на Голден Стејт, Филаделфија, Минесота, Детроит, Чикаго, Кливленд, Атланта, ЛА Лејкерс… и прв пик на НБА-драфтот во 1995 година за Вориорс.
Смит доаѓа од колеџот Хемптон и за него ова ќе биде прва европска авантура. Во изминатата сезона на 14 натпревари просекот му е 3,6 поени и 4,1 скока по меч. Завидна е статистиката на реализација од поле која изнесува 63,3%,
Досега, тимот од Тафталиџе потпиша договори со тројца странци и тоа Тај Харис (САД), Чејс Шелмен (САД) и Лаклан Андерсон (Австралија). Претходно, ТФТ се договори и со македонскиот кошаркар Иван Сапунџиев.
Погледнете го најдоброто од Амир Смит во неговата последна сезона на колеџ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.