Македонскиот претставник во БИБЛ, тимот на ТФТ, загуби на гостувањето во Израел кај Ирони Нахарија со 102:63.

По нерешените 18:18 во првата четвртина, домаќините успеаја да го скршат отпорот на тимот од Тафталиџе во вторите 10 минути кои ги добија со 29:16. Во третата четвртинс беше 22:18, а последниот период заврши со резултат 33:11.

Ландриус Хортон реализираше 14 поени и пет скока, а Александар Костоски 13 поени и четири асистенции за ТФТ.

Следниот дуел ТФТ ова регионално натпреварување ќе го одигра на 8 ноември, на гостински терен во Пловдив против Академик, а ден подоцна, избраниците на тренерот Боро Смилковски се селат во Стара Загора, каде ги чека средбата со Берое.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.