Македонија по пауза од една година ќе има претставник во Балканската лига, oткако денеска беше потврдено дека во БИБЛ ќе ја гледаме екипата на ТФТ од Тафталиџе.

Дека новиот кошаркарски прволигаш е учесник во балканското натпреварување потвдруваат и од БИБЛ.


Првиот човек на клубот, Боро Смилковски со формална регистрација го потврдил настапот БИБЛ. ТФТ во минатата сезона беше прв во втората лига запад и покрај тоа што не се доигра сезоната беше промовиран во првата лига.

Регионалното натпреварување во следната сезона ќе има осум екипи, покрај од Македонија ќе има учесници од Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.