Она што се најавуваше во изминатиот период, се официјализира, откако екипите на ТФТ и Црн Дрим се промовирани во нови прволигаши во македонската кошарка.

Пандемијата со коронавирусот ги прекина сите активности и лигите останаа „замрзнати“. Во Првата лига немаше шампион и испаѓање, се чекаше одлука за Втората лига, а истата е донесена денес.

Лидерите во второлигашките конкуренции, ТФТ и Црн Дрим се промовирани во најквалитетното македонско кошаркарско друштво. И двата тима имааат услови за игра, а веќе е најавено формирање на ростери и обезбедување на услови за понатаму.

ТФТ своите натпревари ќе ги игра во салата „Форца“ која се очекува да биде подготвена за прволигашката кошарка, додека Црн Дрим се чека да избере сала во Струга. Новиот шампионат во новата сезона која се очекува да стартува во месец октомври ќе брои 12 екипи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.