Стеф Кари постигна 50 поени со што го предводеше Голден Стејт до триумф против Атланта Хоукс со 127:113. Одличниот поентерски учинок, Кари го надополни со 10 асистенции, пет скокови, три украдени топки и една блокада.

За Голден Стејт ова беше петти триумф во низа и деветти во 10 одиграни средби со што „воините“ имаат најдобар скор во лигата.

Покрај Кари, уште четворица во Голден Стејт имаа двоцифрен број поени, а најефикасен меѓу нив беше Џордан Пул со 16 поени.

За Атланта, минатогодишниот финалист во Источната конференција, ова беше седми пораз во 11 одиграни средби.

Резултати од останатите натпревари:

Филаделфија – Њујорк  96:103

Чикаго – Бруклин  118:95

Мемфис – Минесота  125:118 (прод.)

Далас – Њу Орлеанс  108:92

Денвер -Мајами  113:96

Сакраменто – Феникс  104:109

ЛА Лејкерс – Шарлот 126:123 (прод.)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.