На 30-годишнината од првата титула од Купот на шампионите на Југославија, Сплит реши да го избрише прекрасниот мурал посветен на Југопластика и на генерацијата на Кукоч, Раѓа, Сретеновиќ и Маљковиќ, праќајќи комунални работници да ја завршат работата, јавува Дневник.хр.
Југопластика трипати едно по друго стануваше европски шампион (1988/89, 1989/90, 1990/91).
Дино Раѓа, дел од таа славна генерација, веднаш реагираше преку Фејсбук.
Срамота. Ми се гадите, неостварени луѓе кои во животот ништо не сте направиле. Најголем успех им е кревање на партиската книшка. Продавање на црвена и црна магла за да ги прикриете своите срања. Не ви пречи тоа што ’Домот на младината’ 40 години не е довршен, стадионите и базените кои се распаѓаат, не ви пречи што летно време еден час не можеш да стигнеш во центарот, тоа што 20 години не можете да ги споите Трогир и Омиш, но ви пречи најголемиот спортски успех во историјата на градот, напиша Раѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.