Феникс санс оствари убедлив триумф од 106:86 над Мајами хит со што продолжува да врши притисок врз Јута џез за првата позиција во Западната конференција, но и во целата НБА. Со скор од 39-15, „сонцата“ имаат само еден пораз повеќе од „џезерите“ коишто се на врвот со ефект од 41-14.
Мајами беше на ниво на противникот само во првата четвртина која ја заврши со предност од осум поени (34:26). Сепак, кошаркарите во продолжение заиграа одлично па ги добија сите преостанати четвртини (30:16, 27:22, 23:14).
Деандре Ејтон со 19 поени и 13 скокови беше предводник на Феникс, додека кај Мајами, најпрецизен беше Џими Батлер со 18 постигнати поени.
Резултати од останатите натпревари:
Минесота – Бруклин 97:127
Индијана – ЛА Клиперс 115:126
Торонто – Атланта 103:108
Шарлот – ЛА Лејкерс 93:101
Јута – Оклахома сити 106:96
Портланд – Бостон 115:116
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.