Џа Морант погоди положување од многу тешка позиција на пет стотинки до крајот со што му донесе победа на Мемсиф на гостувањето во Феникс со 114:113. Со тој потег, Морант стави крај на крајно возбудливиот финиш во кој Девин Букер на пет секунди до крајот со тројка од два метра зад линијата му донесе на Феникс предост од 113:112. На тој начин „сонцата“ го комплетираа враќањето по негатива од 18 поени.

Морант го заврши натпреварот со 33 поени, додека неговиот партнер во бековскиот тандем, Дезмонд Бејн реализира личен рекорд од 32 поени, при што погоди шест шутеви за три поени. За Мемфис ова беше втора победа по ред на гостински терен, откако во неделата го совладаа Сакраменто.

Кај Феникс, на оваа средба недостасуваа стартниот центар Деандре Ејтон и стартниот крилен кошаркар Џеј Краудер, како и тренерот Монти Вилијамс. Во такви услови, најефикасен беше Букер со 30 поени, додека Камерон Џонсон, кој го замени Краудер во почетната петорка, реализира 19 поени. За Феникс, кој има скор од 26-7, ова беше втор пораз во низа, откако загубија од Голден Стејт на католички Божиќ.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Хјустон  123:99

Атланта – Чикаго  118:130

Минесота – Бостон  108:103

Сан Антонио – Јута  104:110

Портланд – Далас  117:132

ЛА Клиперс – Бруклин  108:124



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.