Кејлеб Мартин постигна рекордни во кариерата 28 поени со што го предводеше Мајами хит победа против НБА шампионот Миловки бакс со 113:104. Стартувајќи на местото на повредениот Џими Батлер, Мартин погоди девет од 12 шутеви од игра, вклучувајќи и шест од осум за три поени, во натпревар на кој „жешките“ го изедначија клупскиот рекорд од 22 погодени тројки.
Освен Батлер, во тимот на Мајами поради повреда отсуствува и центарот Бам Адебајо, а во нивно отсуство, Кајл Лаури реализира 22 поени и 13 асистенции, додека Макс Штрус постигна 16 поени, сите во последната четвртина.
Со овој триумф, Мајами ја прекина серијата од три порази по ред на домашен терен, од кои последните два беа со 15 и 26 поени разлика.
Кај Милвоки, Џру Холидеј постигна 27 поени, Крис Мидлтон реализира 20, додека двократниот МВП во лигата, Јанис Антетокумпо натпреварот го заврши со 15 поени и шут од игра четири од 13.
За Мајами и Милвоки, кои покрај Бруклин, се најсериозни кандидати за освојување на Источната конференција, ова е дури трета меѓусебна средба во 26 одиграни натпревари од почетокот на сезоната. Во претходните два дуела и дата тима имаа по една победа. Последниот меѓусебен натпревар Мајами и Милвоки го играат на 2 март во Милвоки.
Резултати од останатите натпревари:
Шарлот – Филаделфија 110:106
Кливленд – Чикаго 115:92
Детроит – Вашингтон 116:119 (прод.)
Индијана – Њујорк 122:102
Торонто – Оклахома 109:110
Хјустон – Бруклин 114:104
Мемфис – Далас 96:104
Минесота – Јута 104:136
Њу Орлеанс – Денвер 114:120 (прод.)
Голден Стејт – Портланд 104:94
Сакраменто – Орландо 142:130
ЛА Клиперс – Бостон 114:111
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.