Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ е нов играч на Милвоки бакс. Србинот преминува во Милвоки од Сакраменто кингс.
Богдановиќ во тимот од Висконсин оди преку опцијата „потпис и размена“ (sign and trade), односно прво го продолжи договорот со „Кралевите“, (околу 18 милиони долари по сезона) по што беше разменет заедно со Џастин Џејмс за Донте Дивинченцо, Ди Џеј Вилсон и Ерсан Илјасова.
Со овој трансфер, Богдановиќ (28), кој досега во кариерата има одиграно 209 натпревари во НБА со просечен учинок од 13,5 поени, 3,2 скока и 3,5 асистенции, преминува во еден од најдобрите тимови во лигата, каде што игра две години по ред најдобриот кошаркар во лигата, Јанис Антетокумпо.
Богдановиќ во новиот клуб ќе ја има задачата да му даде поддршка на Јанис во обидот на тимот да се избори за пласман во финалето и да се обиде да ја осви НБА титулата.
За таа цел, Милвоки направи уште една трампа со која значително го засили тимот. Го ангажираа Џру Холидеј од Њу Орлеанс во замена за Ерик Бледсо, Џорџ Хил, три избори на драфтот од првата рунда и две опции за размена на драфт изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.