Со девет кошаркари коишто постигнаа меѓу 11 и 19 поени, Феникс дојде до најдобриот поентерски учинок сезонава и со 137:106 го совлада Шарлот.

Поседум пропуштени натпревари поради повреда на здната ложа, кај „сонцата“ се врати Девин Букер и веднаш се вклопи во тимската игра на Феникс, кој во претходниот натпревар, без Букер, имаше осуммина кои завршија со двоцифрен број поени. Букер одигра 26 минути во кои постигна 16 поени.

Најефикасен кај Феникс беше Џавејл МекГи со 19, а покрај него и Букер, двоцифрен број поени постигнаа и Микел Бриџис (16), Деандре Ејтон (15), Лендри Шамет (15), Крис Пол (14), Џеј Краудер (14), Камерон Џонсон (12) и Камерон Пејн (11).

Феникс, кој има најдобар скор во лигата (24-5), во ниту еден момент од средбата резултатски не заостануваше, имаше 35 асистенции и погоди рекордни сезонава 20 тројки од 41 обид.

Кај Шарлот најефикасни беа Мајлс Бриџис со 26 поени и Кели Убре со 16.

Резултати од останатите натпревари:

Детроит – Мајами  100:90

Мемфис – Портланд  100:105

Сакраменто – Сан Антонио  121:114

Чикаго – ЛА Лејкерс  115:110

Минесота – Далас  111:105

Филаделфија – Њу Орлеанс (одложена)

Атланта – Кливленд (одложена)

Бруклин – Денвер (одложена)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.