Еден од најдобрите бекови во поновата историја на европската кошарка, Гркот Василис Спанулис, попладнево објави крај на својата играчка кариера. Спанулис кој има 38 години, освои многу трофеи на клупска сцена, и со репрезентацијата на Грција освојуваше важни медали од големите натпреварувања.
Спанулис ја освојуваше Евролигата како играч и на Панатинаикос и на Олимпијакос. Со Олимпијакос европската титула ја зеде двапати, а и во двете сезони беше соиграч со Перо Антиќ, со кого се блиски пријатели. Спанулис после една од титулите покажа дека не го интересира политика и се сликаше со македонското знаме.
„Време е да го затворам најголемото поглавје од мојот живот. Беше тешка одлика, но не и тажна. Кошарката ми даде уникатно патување полно со големи емоции. Дадов сè, а и добив сè од кошарката. Олимпијакос се покажа како моја судбина, горд сум за тоа што го направивме заедно. Проживеав повеќе од тоа што го сонував. Им благодарам на сите, тренери, соиграчи, противници, а најмногу на навивачите за љубовта која ми ја пружија. Таа љубов ми даде сила и беше моја водилка. Ви благодарам на сите од срце. Василис Спанулис, дете кое сонуваше да игра кошарка“ – напиша Гркот.
Извор: Спортманија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.