Селекторот кошаркарската репреентација на Шпанија, Серџо Скариоло, го објави потесниот список со 16 кошаркари за гостувањето идниот петок во Скопје во рамки на мундијалските квалификации.

Дуелот против македонската репрезентација се игра на 26 ноември во салата „Јане Сандански“ со почеток од 19:30 часот.

Шпанија доаѓа во Скопје како светски шампион, а во квалификациската група „Г“ противници на македонските кошаркари се и селекциите на Украина и Грузија.

Составот на Шпанија за дуелот во Скопје:

Виктор Артеага, Џонатан Бареиро, Дарио Бризуела, Кино Колом, Алберто Диаз, Дани Диез, Хаиме Фернандез, Фран Гуера, Хаби Лопез-Арестеги, Жоел Пара, Ориол Паули, Дани Перез, Хаиме Прадиља, Мигел Салво, Хуан Састре, Јанкуба Сима.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.