НБА ѕвездата, Каваи Ленард, се соочува со големи семејни проблеми откако неговата сестра беше уапсена од полицијата под сомнение за убиство и грабеж. Медиумите во САД јавуваат дека сестрата на Ленард, Кимеша Вилијамс заедно со уште една жена во тоалет од казино во Лас Вегас нападнале 88-годишната старица – Афаф Анис. Нанесувајќи и удари во пределот на главата, сестрата на Ленард и пријателката и ја украле ташната во која имало околу илјада долари.

Инцидентот се случил пред околу една недела, а двете осомничени се уапсени во вторникот. Еден ден подоцна повредената старица им подлегнала на повредите.

Обвинителството поради семејната поврзаност на Кимеша со големата НБА-ѕвезда инсистира судот да не дозволи излегување од затвор со кауција, потенцирајќи дека „таа има богато семејство што без проблем може да издвои и над еден милион долари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.