Жал ми е што не отидовме по риба заедно… Се надевам дека сега таму горе дава кошеви и фаќа големи риби“, рече поранешниот кошаракрски репрезентативец Тодор Гечевски кој говореше на комеморацијата на легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур.

Денеска во хотелот „Хилтон“ се одржа комеморација во чест на легендарниот Буштур, кој вчера го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Тешко е да се зборува во вакви моменти. Наместо заедно да ги славиме неговите успеси, сега ќе мораме да го збориме тоа без него. Буштур беше добар човек на добар глас. Ми дојде сликата на нашето запознавање, во Кавадарци кога ме повика да играм за кадетите…спиев во негов дом… Колеги во кошарката и риболовот…, говореше Гечевски со солзи во очите за легендарниот Буштур.

Претесна беше салата во хотелот „Хилтон“ во Скопје да ги прими сите пријатели, колеги и фанови кои дојдоа да му оддадат почит на великанот кој не’ напушти одеднадеш. Беше отворена и книга на жалост, а комеморацијата беше отворена со една минута молчење.

На комеморацијата присуствуваа сегашни и поранешни спортски легенди, членови на семејството, судии, претставници од АМС, директорот Дарко Каевски, делегација од МОК предводена од претседателот Васил Тупурковски, челниците на КФСМ, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, како и првиот човек на ОФМ, Петар Јовановски…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.