Екипата на Реал Мадрид успеа да ја одбрани ланската титула, откако во четвртиот натпревар против Барселона направи „брејк“ (68-74) и со вкупни 3-1 во финалната серија дојде до титулата во шпанската кошарка.
Реал Мадрид играше одлична сезона, па ја завршува успешно. Барселона под палката на Пешиќ парираше колку што можеше, но едноставно не можеше овој пат да се спаси од разиграните „кралеви“.
Најефикасен кај Реал беше Кампацо со 15 поени, Руди Фернандез реализира 12, додека Рендолф и Таварес завршија со по 10 поени, а кај Барселона, најефикасен беше Пангос со 16 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.