Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук ја повика НБА да преземе нешто по инцидентот со навивачот во арената „Велс Фарго“ во Филаделфија.
На враќање кон соблекувалната, повредениот Вестбрук беше посипан со пуканки од еден од навивачите. Овој инцидент предизвика екстремен бес кај кошаркарот.
Не би се осмелил некој на улица врз Расел Вестбрук да истури пуканки, бидејќи знаете што ќе се случи тогаш. Време е да почнеме да ги заштитуваме играчите во арените. Да видиме што ќе направи раководството на НБА-лигата – изјави Вестбрук.
Навивачот набрзо беше принуден да ги напушти трибините.
Филаделфија победи со 120:95 и поведе со 2:0 во првата рунда од плејофот во Источната конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.