Ракометната тврдина „Кале“ каде што „паѓаа“ Хипо, Шлагелсе, МАР Валенсија, Ференцварош, Лавик и каде што Кометал Ѓорче Петров ја прослави шампионската титула во 2002 година станува кошаркарски храм.
СРЦ „Кале“ во првите две децении од независноста беше препознатлива за настапите на македонските ракометни селекции. „Кале“ во иднина треба да биде централен македонски кошаркарски храм оставен за развој на најмладите категории.
Правото за стопанисување со СРЦ „Кале“ од денеска ќе биде префрлено на Кошаркарската федерација на Македонија, а сето тоа треба официјално треба да биде соопштено на веќе најавената прес-конференција на КФСМ.
„Кале“, според најавите, го очекува реновирање како би бил дом на сите национални кошаркарски селекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.