Првите резултати од истрагата на остатоците од хеликоптерот во која загина легендата на кошарката Коби Брајан, неговата ќерка и уште 7 луѓе, не упатуваат на заклучок дека падот бил предизвикан од откажување на моторот.
Истражителите од Националната агенција за безбедност во сообраќајот (NTSB) веруваат дека пресечената гранка од дрво на местото на кое паднал хеликоптерот упатува на заклучок дека моторот и роторот на хеликоптерот работеле во самиот момент на ударов на земја.
„Асошиетед прес“ наведува дека денешниот извештај на Националната агенција за безбедност во сообраќајот е повеќе од информативен карактер и во него нема никакви заклучоци за точните причини за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.