По поразот од Њујорк со 103:99 во медисон Сквер Гарден, раководството на Минесота објави дека го опрекинуваат договорот на тренерот Рајан Сандерс. Таквата одлука не е големо изненадување, со оглед на тоа што Минесота е тим со најслаб скор во НБА лигата со само седум победи и 24 порази.

На негово место е назначен досегашниот помошник во екипта на Торонто, Крис Финч.

Сандерс (34) беше во својата трета сезона на чело на тимот од Минесота. Тој е син на легендарниот тренер на клубот, Флип Сандерс, кој ја предводеше Минесота во текот на 11 сезони.

Рајан Сандерс во 2,5 сезони како предводник на Минесота има вкупен скор од 43 победи и 93 порази.

Резултати од синоќешните натпревари:

Њу Орлеанс – Бостон  120:115  (продолжение)

Кливленд – Оклахома сити  101:117

Орландо – Детроит  105:96

Торонто – Филаделфија  110:103

Њујорк – Минесота  103:99

Атланта – Денвер  123:115

ЛА Клиперс – Бруклин  108:112

Милвоки – Сакраменто  128:115

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.