Селекторот на американската олимписка кошаркарска репрезентација, Грег Попович, остана без уште еден кошаркар пред Олимписките игри, откако настапот на Олимпијадата во Токио поради повреда го откажа и крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав.
Страшно сум разочаран поради тоа што нема да патувам со репрезентацијата во Токио, но морате да бидете 100 отсто подготвени за да играте на Олимписки игри, а јас тоа во моментов не сум – изјави Лав.
Американскиот селектор пред неколку дена, поради ковид протоколот, остана и без услугите на еден од најдобрите стрелци во НБА лигата, Бредли Бил од екипата на Вашингтон, а неизвесен е и настапот на Џерами Грант од Детроит.
На местата на Лав и Бил во американскиот „Дрим тим“ се приклучија Џавал Мекги (33) од Денвер и 21-годишнит кошаркар на Сан Антонио, Келдон Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.