Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Антетокумпо, нема посериозна повреда и најверојатно ќе биде во состојба да игра на вториот меч од НБА плејоф серијата против Мајами, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија.
Шаранија објави дека раководството на Милвоки, сепак, не сака да ги форсира работите и решиле да игра на сигурно.
Гркот доби повреда на долниотн дел од грбот при непријатен пад во првата четвртина. Тој се обиде да ја продолжи играта и покрај болките, но го напушти теренот во втората четвртина.
Милвоки и Мајами вториот натпревар од серијата во првото коло во НБА-плејофот ќе го играат на 20 април, a Мајами води со 1:0 во победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.