Кристапс Порзингис се врати на паркетот по повредата на коленото и му помогна на Далас да слави против Шарлот со 104:93, со што Далас дојде до четвртиот триумф во низа.

Ова за летонскиот центар беше деби сезонава, а отсуствуваше од терените уште од финипот на претходната сезона. Порзингис го заврши мечот со 16 поени, четири скокови и две блокади. Погоди шест од 16 шутеви, но со сосема солиден процент за три поени четири од девет.

Покрај Порзингис, како и воообичаено за екипата на Далас, одлична партија пружи Лука Дончиќ, кој остана на една асистенција од нов трипл-дабл, но сепак, имаше неверојатен учинок од 34 поени, 13 скокови и девет асистенции.

Триумфот против Шарлот е 800. победа во кариерата на тренерот Рик Карлајл. Со ваквиот успех, Карлајл потврди дека е еден од најдобрите во НБА лигата со оглед на тоа што има 137 поерази помалку од победите, односно 663. Од 800. победи во кариерата, 519 победи за Карлајл дојдоа на клупата на Далас.

Резултати од останатите натпревари:

Детроит – Милвоки  101:110

Њујорк – Бруклин  109:116

Минесота – Мемфис  107:118

Оклахома Сити – ЛА Лејкерс  99:128

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс  111:106

Сакраменто – Портланд  126:132

Вашингтон – Јута  (одложена)

Бостон – Орландо  (одложена)

Феникс – Атланта  (одложена)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.