По две години пауза, НБА ветеранот Ник Јанг (35) ќе ја продолжи кариерата во кинескиот клуб Жеџијанг лајонс.

Јанг мина 13 години во НБА лигата каде што настапуваше за Вашингтон визардс (2007-2012), ЛА Клиперс (2012), Филдалфија севентисиксерс (2012-2013), ЛА Лејкерс (2012-2017), Голден Стејт вориорс (2017-2018) и Денвер нагетс (2018-2019).

Со Голден Стејт, Јанг ја освои и НБА титулата во 2018 година.

Во текот на кариерата во НБАм Јанг имаше просеци од 11,4 поени, два скока и една асистенција по натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.