Во 95. година од животот почина Борислав Бора Станковиќ, легенда на српската и свеската кошарка и функционер на ФИБА во период кога кошарката доживуваше најголема експанзија.
Станковиќ како кошаркар беше шампион на Југославија со Црвена звезда, а за националниот тим одиграл 36 натпревари во период од 1948 до 1953 година, вклучувајќи го и настапот на Светското првенство во 1950 година во Аргентина. Станковиќ ги постигна првите поени за Југославија на тој Мундијал.
Функцијата генерален секретар на ФИБА ја извршуваше од 1976 до 2002 година, а од 1978 година беше член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Од 1991 година стана член на Куќата на славните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.