Eден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња, Меџик Џонсон, летово ја посети Хрватска со сопругата и притоа се заљуби во земјата.
На радост на многубројните обожаватели кои ги сретна на патувањата низ Дубровник, Сплит, Хвар, Скрадин, Корчула и водопадите Крка, пензионираниот кошаркар помина неколку недели истражувајќи ги убавините на Хрватска.
Тој на социјалните мрежи објави фотографија од Корчула и се пофали за убавото време минато крај Јадранот.
Јас и сопругата само што се вративме од Хрватска и топло им ја препорачуваме на сите! Храната беше фантастична, а земјата е едноставно прекрасна! – порача Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.