Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на Западната конференција во плеј-офот во НБА-лигата за прв пат по 2010 година, откако утринава го победија Хјсутон со 119-96.
Лејкерс можеби го загубија првиот натпревар во серијата, но потоа ги добија следните четири, исто како и во првата рунда против Портланд. Утринава Леброн Џејмс и дружината беа расположени за шутирање тројки и постигнаа вкупно 19, што за нив е тимски рекорд во историјата на плеј-офот.
Победничкиот тим издоминира на овој натпревар од самиот почеток до крај, а највисоката предност од +30 ја имаше во последниот период.
Џејмс ги предводеше Лејкерс со 29 поени, 11 скока и 7 асистенции, Кајл Кузма имаше 17 поени, Маркиф Морис 16, а Ентони Дејвис го заврши натпреварот за него скромни 13 поени и 11 скока.
Кај Хјустон, Џејмс Харден имаше 30 поени, додека Расел Вестбрук имаше очајна вечер со само 10 поени и лош шут од игра 4/13.
Лејкерс во конференциското финале го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Денвер, а резултатот е 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.