Поранешниот легендарен НБА кошаркар Ајзеа Томас избра четворица кошаркари од поранешна Југославија во неговата идеална „европска“ петорка на сите времиња во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА.
Томас, кој во моментов е коментатор и стручен аналитичар за американската телевизија „ТНТ“, меѓу најдобрите пет европски кошаркари кои некогаш настапувале во НБА лигата, ги избра Хрватите Дражен Петровиќ и Тони Кукоч, легендите на српската кошарка Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ, како и Германецот Дирк Новицки.
Томас целата професионална кариера во НБА ја мина во дресот на Детроит, освојувајќи две шампионски титули, а беше учесник на Ол-стар натпреварите дури 12 пати.
Поранешниот легендарен бек на Детроит е прогласен за еден од 50. најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата и е член на Куќата на славните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.