Тимот од НБА, Оклахома Сити го размени бекот Расел Вестбрук со Крис Пол во договор со Хјустон од кој го доби и правото на избор во првиот круг на Драфтот во 2024 и 2026 година, како и можност да користи уште два избори во 2021 и 2025 година.

Во Хјустон, 30-годишниот Вестбрук ќе биде повторно соиграч со Џејмс Харден со кого играа заедно во Оклахома Сити во периодот 2009-2012 година, а во последната сезона стигнаа до финалето во НБА.

Триесет и четири-годишниот Пол се враќа во Оклахома, каде ја започна својата кариера во 2005 година и одигра две сезони таму.

Најдобриот реализатор во Лигата во последната сезона, Вестбрук запиша просечен „трипл-дабл“ трета сезона по ред во 2018-2019, која ја заврши со просек од 22.9 поени, 11.1 скока и 10.7 асистенции во 73 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.