Кошаркарот на Кливленд Џеди Осман на Ол-стар мечот ќе се појави со специјално дизајнирани патики, на едната ќе го има знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.

Убав гест на Џеди Осман. Кошаркарот на Кливленд е роден во Охрид, но ги брани боиите на Турција, од каде што потекнува неговиот татко, реши на Ол стар мечот во Шарлот да ги одбележи двете држави кои ги носи во срцето.

На мечот на ѕведите во подем кој ќе се одигра ноќеска Џеди Осман ќе се појави со специјално дизајнирани патики. На едната ќе го има знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.