По вчерашната реакција на Здружението на кошаркари на првата лига во Македонија денес со одговор излезе претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.
Антиќ преку кратко соопштение на веб страната на КФСМ информираше дека одлуката ќе биде објавена во четврток:
Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во четврток, 22. октомври 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.