Зек Лавињ беше речиси перфектен од поле (10-13) за 25 поени, Никола Вучевиќ имаше 20 скокови покра 16 поени, а Коби Вајт мечот го заврши со 17 поени и 12 асистенции за победа на Чикаго против Атланта со 131:117.

„Биковите“ вкупно погодија 61,9% од своите шутеви и имаа рекордни сезонава 38 асистенции. Ова за Чикаго беше петта победа во низа, што е нивна најдолга триумфална серија сезонава.

За Атланта, која беше без 15 кошаркари, кои отсуствуваат поради здравствени протоколи, ова беше трет пораз во серија и четврти вопоследните пет натпревари.

Тре Јанг беше најдобар во редовите на Атланта со 26 поени и 11 асистенции, додека Клинт Капела мечот го заврши со 18 поени и 15 скокови.

Резултати од останатите натпревари:

Детроит – Њујорк  85:94

Индијана – Шарлот   108:116

Бостон – ЛА Клиперс  82:91

Мемфис – ЛА Лејкерс  104:99

Феникс – Оклахома  115:97

Портланд – Јута  105:120

Сакраменто – Далас  95:94

Сан Антонио – Мајами  (одложена)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.