Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раѓа гостуваше на ХТВ каде се присети на трагичната смрт на Дражен Петровиќ.
Тоа е еден од најтажните моменти во мојата кариера и генерално во животот. Тоа нас сите длабоко не потресе. Се збогувавме на аеродромот, тој тргна во една насока, ние на друга… За неколку часа ти јавуваат дека настрадал, па некако се надеваш дека само нешто скршил, дека нема да игра само на првенството. А потоа му се јавив на Мирко Новосел и добив информација од прва рака. Можам да ви кажам дека во тој момент, да не седев во фотелја, би паднал во несвест. Првото заминување на тренинг по пет, шест дена, не можеш да излезеш од соблекувална. Не можеш од солзи и емоции да излезеш на терен, затоа што постојано ти се врти во глава дека тој не е повеќе тука. Тоа беше тешка, тешка ситуација, изјави Раѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.