Екипата на Феникс санс го совлада Кливленд кавалирс на гости со 120:115 со што дојде 14. победа во низа. „Сонцата“ последен пат беа поразени на 27 октомври од Сакраменто кингс, а триумфалната серија ја почнаа три дена подоцна токму против Кливленд.
Само се случи да се вклопат коцките. Секако во нашите планови не беа 1-3 на стартот од првенството. Имаме одличен тим и функционираме како едно семејство. Никогаш не сум играл за ваков тим – изјави по средбата, Крис Пол.
Феникс се приближува до својата најдолга победничка низа во историјата, кога во сезоната 2006/07 година го постигнаа клупскиот рекорд од 17 натпревари без пораз.
Девин Букер беше најефикасен на натпреварот со 35 поени, додека Крис Пол подели 12 асистенции на кои придодаде и 17 поени.
Кај Кливленд, Џерет Ален имаше дабл-дабл од 25 поени и 11 скокови, додека Џеди Осман мечот го заврши со 23 поени.
Резултати на останатите натпревари:
Индијана – ЛА Лејкерс 116:124 (прод.)
Орландо – Шарлот 99:106
Бостон – Бруклин 104:123
Хјустон – Чикаго 118:113
Мемфис – Торонто 113:126
Милвоки – Детроит 114:93
Минесота – Мајами 113:101
Њу Орлеанс – Вашингтон 127:102
Оклахома – Јута 104:110
Сан Антонио – Атланта 106:124
Голден Стејт – Филаделфија 116:96
Сакраменто – Портланд 125:121
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.