Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ е промовиран за нов предводник на белградски Партизан.
На промоцијата стратегот беше полн со емоции и истакна дека е горд што повторно се враќа меѓу „црно-белите“ со кои го оствари првиот голем успех во кариерата.
„Се вратив поради најдлабоките емоции. Среќен сум и горд што ќе бидам на клупата на Партизан. Не постои клуб кој дал толку многу тренери и играчи низ историјата. Мене Партизан ме создаде. Свесен сум колку можам да му дадам. Чувствувам дека сум должен на овој клуб, а не тој на мене. Знам што се очекува од мене. Мора да се вратиме во Евролигата. Не можам да ветам ништо друго освен вредна работа. Ќе бидам задоволен ако на крајот од сезоната седнеме и се согласиме дека сме направиле сè што е во наша моќ“, изјави Обрадовиќ.
Обрадовиќ се враќа во Партизан по 28 години, а со клубот ја освои првата од десетте титули во Евролигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.