Новиот прволигаш ТФТ направи изненадување и на пријателски натпревар во „Градски парк“ успеа да слави (88-86) над најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички.
Иако на полувреме Работнички имаше водство од 11 коша (51-40), ТФМ дојде до победата во последната секунда.
Во последната акција поените ги постигна Чејс Шелмен откако на 0,8 секунди се најде сам под обрачот и поентира. Најефикасен во победата на ТФТ беше токму Шелмен со „дабл-дабл“ од 18 поени и 10 скока, го следеше Херис со „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 асистенции, Николов постигна 17, а Андерсон заврши со 15 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.