МЗТ Скопје и Куманово се борат за последното место во полуфиналето од разигрувањето за титула на домашната сцена во буквална смисла. Имено, страстите „зовреа“ на крајот на првото полувреме при „мртва“ топка помеѓу Александар Андрејевиќ и Дамјан Стојановски, Србинот замавна кон капитенот на МЗТ Скопје.
За среќа, со брзата интервенција беше спречен поголем конфликт, но епилогот од целата ситуација може да биде и кобна кон домашниот тим. Судиите одлучија Андрејевиќ и Стојановски да бидат исклучени, а покрај нив истата „казна“ ја добија и Кристијан Николов и Адем Мекиќ кои дотрчаа на теренот од клупата.
Мора да се истакне дека двајцата кошаркари на МЗТ воопшто не беа вклучени во инцидентот, останаа на средината од теренот пред да се повлечат кон клупата, но судиите решија да им врачат идентична санкција како и на Андрејевиќ, кој буквално го нокаутираше капитенот на „металците“.
МЗТ Скопје претходно остана без услугите на Иван Карачиќ кој при влез во рекетот се пожали на болки на задната ложа.
Извор: ЕКИПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.