Со одличната партија на ударното трио Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм и Лонзо Бол, Њу Орлеанс пеликасннс успеаја да го совладаат најдобриот тим во досегашниот тек од НБА лигата, Јута џез со 129:124.

Вилијамсон го заврши мечот со 26 поени, 10 скокови и пет асистенции, Инграм реализира 26 поени, а Бол имаше учинок од 23 поени, осум асистенции, седум скокови и две блокади.

И покрај поразот, Јута одигра на своето ниво и имаше четворица кошаркари со најмалку 20 поени. Најефикасен беше Бојан Богдановиќ со 31 поен, Руди Гобер постигна 22, Доновам Мичел 21 и Џордан Кларксон 20 поени.

Јута останува со најдобар скор во НБА со 27 победи и осум порази.

Резултати од останатите натпревари:

Орландо – Далас  124:130

Филаделфија – Индијана  130:114

Чикаго – Денвер  112:118

Сан Антонио – Бруклин  113:124

Хјустон – Кливленд  90:101

Портланд – Шарлот  123:111

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.