Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, беше исклучен по неспортскиот потег на средбата со Мајами хит.

Незадоволен од судиската одлука во претходниот напад, кошаркарот на Мајами, Маркиф Морис, намерно направи неспортски фаул врз Јокиќ залетувајќи се во него и удирајќи го со лактот на центарот од теренот. На таквиот потег, српскиот ценатр одговори со силен удар со рамо во грбот на Морис.

Тој се најде на подот и по некое време на носилки беше изнесен од теренот. Подоцна, Морис на нозе ја напушти соблекувалната на Хит.

Од Мајами соопштија дека Морис најверојатно има повреда на вратот.

До моментот на исклучувањето, Јокиќ на теренот помина 33 минути и имаше трипл-дабл учинок од 25 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Денвер го доби мечот со 113:96, но многу веројатно е дека одреден период ќе биде без својот центар кого го очекува казна од НБА-лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.