Двократниот МВП во НБА лигата (2015 и 2016 година), Стеф Кари, продолжи да пружа партии со кои најавува дека е најсериозен кандидат за ново признание за најкорисен кошаркар во најсилната кошаркарска лига во светот.
Во својата најнова демонстрација на прецизност, Кари реализира 9 од 14 удари за три поени (12 од 19 од поле) за 37 поени, на кои додаде седум скокови, пет асистенции, две украдени топки и една блокада со што го предводеше Голден Стејт до триумф во Бруклин со 117:99.
За „воините“ ова е 12 победа во 14 одиграни натпреваро со што се цврсто на првото место во Западната конференција, но и во целата лига.
За Бруклин, за кого ова беше петти пораз во 15 натпревари, најефикасен беше Кевин Дурант со 24 поени, но освен него, само уште Џејмс Харден (19) и Брус Браун (14) постигнаа двоцифрен број поени, што не беше доволно да се пружи отпор на разиграниот Стеф Кари.
Резултати од останатите натпревари:
Јута – Филаделфија 120:85
ЛА Клиперс – Сан Антонио 106:92
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.