Кошаркарите на Партизан ќе играат вечерва во Мадрид против Реал, решавачки  натпревар од четвртфиналето на Евролигата.

 

По двете победи во Мадрид на почетокот од оваа серија, црно-белите пропуштија две меч топки во Белград за да обезбедат пласман на фајнл-форот, закажан за 19-21 мај во Каунас.

Петта утакмица, шеста нема… Некој ќе оди на фајналфор“, рече тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ.

Црно-белите ќе бидат посилни на овој меч за капитенот Кевин Пантер, кој ја одлежа суспензијата поради инцидентот на крајот од вториот меч во Мадрид, но повторно нема да бидат комплетни откако на првиот меч се повреди Алекса Аврамовиќ во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.