Раководството на елитното европско кошаркарско натпреварување е блиску до одлука за прекин на натпреварувањето. Се очекува конечната одлука за да се суспендира Евролигата да биде донесена во текот на денот. Ваквиот чекор е логичен поради ширењето на пандемијата на коронавирусот, а НБА лигата денеска по откривањето дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус, го прекина натпреварувањето.

Откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот, Евролигата е во консултација со екипите за да се донесе одлука за привремен прекин на сезоната во Евролигата, Еврокупот и младинските натпреварувања, стои во соопштението на Евролигата.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.