Дисциплинската комисија на НБА лигата донесе одлука да го суспендира центарот на Денвер нагетс на еден натпревар.
Казната за Јокиќ доаѓа по инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар меѓу Денвер и Мајами (113:96), кога по валканиот и груб фаул од Маркиф Морис, Јокиќ го удри противничкиот кошаркар од зад грб. Двајцата играчи беа исклучени.
Поради казната, Јокиќ ќе биде принуден да го пропушти следниот натпревар на Денвер, на 11 ноември против Индијана, додека Морис ќе биде казнет со 50.000 долари за неспортски прекршок од втор степен.
Дополнително, парична казна од 30 000 долари ќе плати и кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, поради обид за ескалација на расправијата. Тој по завршувањето на инцидентот продолжи да го провоцира српскиот кошаркар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.